КАО КАКАО

  • Автор: Мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, Текстот го напиша Венко Андоновски
  • Режисер:

    Дејан Пројковски

  • Информации:

    Аранжманите ги потпишува: Бобан Мирковски

    Кореограф: Олга Панго

    Сценограф: Валентин Светозарев

    Костимограф: Марија Пупучевска

    Вокален ментор: Ана Костадиновска

    Продуцент на проектот е Баги Комуникации, во копродукција со РСМ НУ Македонски народен театар.

    Поддржано од: Министерство за култура и туризам

  • Премиерна изведба: Вторник, 02 Јуни 2026
  • Времетраење: 180 минути
  • Пауза: Да
  • Сцена: Голема
„Као Какао“ е македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски – автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции кои ќе бидат изведени во нови аранжмани, подготвени специјално за оваа продукција.
Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години на минатиот век, каде што љубовта и амбицијата растат паралелно со притисоците на средината. Во обидот да успеат и да останат свои, младите ликови се соочуваат со невидливите граници на системот, стереотипите и сопствените стравови.
Текстот го напиша Венко Андоновски, а режијата е на Дејан Пројковски.
Аранжманите ги потпишува Бобан Мирковски, кореографијата е на Олга Панго, а сценографијата е на Валентин Светозарев.
Костимографијата ја потпишува Марија Пупучевска, вокален ментор е Ана Костадиновска.
 
Продуцент на проектот е Баги Комуникации, во копродукција со НУ Македонски народен театар.
Овозможено од Триглав Осигурување Македонија и Шпаркасе банка
Поддржувач: Тиквеш
Пријатели: Виталија и Божиновски - часовници и накит
Поддржано од: Министерство за култура и туризам

 

 

ИГРААТ

Во мјузиклот настапуваат:
Владимир Петровиќ, Катерина Јовановиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов, Антонио Ташковски, Дениз Абдула, Јована Миладинова, Тања Кочовска, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Анастасија Трајковска, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Леонида Гулевска, Ѓорге Нешковиќ и Анастасија Митровска.

 

БИЛЕТИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

https://wayin.mk/shop/events/mjuzikl-kao-kakao-10-septemvri

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk